Гладни за лаги, страдни за вистина | Meta.mk
Прогласувањето на Шара за национален парк е во заложништво на концесиите...
Платформата schools.mk може да работи на скоро сите компјутери, мобилни или...
Отворен повик за учество на хакатон на НАСА за вселенски иновации...
Делегацијата на ЕУ по седми пат ја додели наградата "Вавилон" за...
Проверка на факти Гладни за лаги, страдни за вистина
Гладни за лаги, страдни за вистина
Ширењето и побарувачката за дезинформации, како и новите начини на измама, се во фокусот на новата студија на Националниот фонд за демократија (National Endowment for Democracy - NED), насловена Побарувачка за измама: Како начинот на кој мислиме ги поттикнува дезинформациите (Demand for Deceit: How the Way We Think Drives Disinformation), чии автори се Семјуел Вули и Кејти Џозеф (Samuel Woolley and Katie Joseff)
Авторите потенцираат дека ерата на дигиталните комуникации и брзото ширење на политичките дезинформации стана вознемирувачки предизвик за општествата ширум светот.
Додека политичките актери користеа гласини, поттикнување и лага како алатки од памтивек, современите технологии им овозможуваат да произведуваат и шират дезинформации во обем невиден досега. Ефектот е покривање на поширокиот информациски простор со конфузија и цинизам, фрактурирање на демократските општества и дисторзија на дискусијата на јавноста, се вели во студијата на NED.
Студијата се занимава со загриженоста во граѓанските општества од сајбер пропагандата и ширењето дезинформации - тие се на врвот на јавните агенди - добивајќи поголемо влијание. Авторите велат дека одговорот делумно е поврзан со психологијата на потрошувачката на вести и формирањето на мислењето, а поголемиот дел од истражувањето е фокусирано на Соединетите Американски Држави и Европа (но факторите за ваквата побарувачка го насочуваат ширењето и потрошувачката на дезинформации низ целиот свет).
Разбирањето на овие фактори е клучно за информирање на ефективни одговори - особено затоа што технологиите во блиска идните може да имаат потенцијал да ги направат овие форми на манипулација со информации уште поефективни, се потенцира во извештајот.
ДЕЗИНФОРМАЦИИ И МАНИПУЛАЦИИ - МАКЕДОНИЈА КАКО ПРИМЕР
Секако дека и нашиот информативен простор има место во оваа студија, со посебен осврт на случајот со референдумот за промената на уставното име. Тука повторно го среќаваме влијанието и на надворешниот фактор:
Иако поголемиот дел од дезинформациите во Северна Македонија, и низ целиот Балкан, потекнуваат од домашни извори, истражувањата сугерираат дека има многу прекугранични дезинформации меѓу балканските земји и дека Русија е водечки извор на надворешна дезинформација во регионот. Москва намерно поттикнува етнички тензии за да ја поттикне дестабилизацијата; исто така, промовира неполитичка дезинформација, како што е идејата дека вакцините се опасни во Северна Македонија, навидум со намера да се шири страв и недоверба во владините институции. Кремљ врши влијание преку медиумски средства финансирани од